🌷ЖЕНСКА АВАНТУРА НА КИПАР🌷
07.03. – 10.03.2026
Прославете го Денот на жената на најубав можен начин сонце, море и медитеранска магија!
Оваа година, подарете си моменти на уживање и релаксација на прекрасниот Кипар, остров исполнет со историја, шарм и вкусна храна.
Уживајте во прошетки покрај тиркизното море, запознајте ги убавините на Ларнака, Аја Напа и Никозија, вкусете автентична кипарска кујна и почувствувајте го духот на Медитеранот.
Навечер, препуштете се на добро друштво, музика и наздравете за женственоста, силата и убавината што секоја жена ја носи во себе.
РЕДОВНА ЦЕНА: 389 € / 24.120 ден
ПРОМО ЦЕНА: 329€ / 20.400 ден
ПРВ ДЕН – 07.03.2026 (САБОТА) СКОПЈЕ – КИПАР
Состанок на групата на Скопскиот аеродром во 18:15 часот. Полетување за Ларнака во 20:15 часот, пристигнување во 23:25 часот. Организиран трансфер до хотел и сместување. Слободна вечер. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 08.03.2026 (НЕДЕЛА) ЛАРНАКА – АЈА НАПА – ЛАРНАКА
Се будиме со мирисот на морето и топлите зраци на медитеранското сонце, уживајќи во вкусен појадок и добро расположение. Целодневна екскурзија со организиран превоз во градот Аја Напа. Аја Напа е можеби нај популарен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. До 1974 година Аја Напа било мало, рибарско село, мирно и со прекрасна плажа. Денес е престижен туристички центар. Познат и по „втора Ибица„ или Мајами во Европа за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот, бројни ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови. Токму поради тоа е доста атрактивен за млади туристи во текот на летниот период. Меѓутоа Аја Напа нуди и нешто друго, овде се наоѓа една од најубавите плажи не само во Европа туку и пошироко, плажата Ниси која што се карактеризира со тиркизно море и прекрасно зајдисонце. Во центарот на градот има камен плоштад каде ќе си направите прекрасни фотографии кои ќе ги паметите со години. Тука ќе се прошетаме и по улицата на славните каде што на многу статуи ќе прочитате изгравирани имиња на многу познати личности. На плоштадот ќе го посетиме и средновековниот манастир. Ќе го посетиме и пристаништето кое нуди прекрасен поглед на тиркизното море и националниот парк Каво Греко“. На истокот од Аја Напа се наоѓа музеј на отворено, каде ќе уживаме во дела од многу познати уметници. Во договорено време враќање во хотел и можност за заедничка вечерна прошетка низ Ларнака , градот каде што палмите флертувааат со фламингосите. Ќе прошетаме по шеталиштето покрај плажата Филикудес, ќе ја видиме црквата Св. Лазар и старата тврдина која датира од 14 век. Ларнака е позната по бројните ресторани, кафулиња и барови сместени на самиот брег. Можност сите заедно да го прославиме и да наздравиме за Денот на жената. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 09.03.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) ЛАРНАКА – НИКОЗИЈА – ЛАРНАКА
Појадок. По појадокот заминуваме на разглед на главниот град на Кипар Никозија. Овој уникатен град е поделен на два дела, со околу 130.000 жители, две временски зони и граница со пасошка контрола. Фактот што се преминува од една во друга држава за само две минути, со поместување на часовникот за еден час, претставува посебно искуство. Ќе се запознаеме со грчката страна на градот, Laiki Getonia („Добар комшија“), каде тесните улички, кафулињата, продавниците и атељeата создаваат автентична и шармантна атмосфера. Ќе ги посетиме и значајните историски точки, Катедралата Архангел Михаил, Катедралата на Свети Јован, централниот плоштадот Елефтерија, Музејот за историја и најголемата банка на Кипар, која според легендата е во сопственост на Кипарската православна црква. Следува слободно време за кафе или ручек, а по желба и посета на кулата Шаколас, од која се пружа неверојатен панорамски поглед на целиот град, вклучувајќи го и турскиот дел кој е под окупација. Потоа ќе се упатиме кон Зелената линија и познатиот „ѕид на поделба“ кој го дели градот. Ќе ги разгледаме и историските објекти, Карвансарајот Бујук Ан и Селимије Џамијата, некогаш православна црква, која претставува уникатен пример за готска архитектура на Кипар. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН – 10.03.2026 (ВТОРНИК) ЛАРНАКА – СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот и слободно време за индивидуални активности, со можност да уживате покрај плажа и да го испиете вашето кафе. Во 15:30 организиран трансфер до аеродром.Полетување од Ларнака во 18:15 мин, пристигнување во Скопје во 19:40 мин.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Директен лет на релација Скопје –Ларнака -Скопје
– Аеродромски такси
– Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
– Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
– Сместување во 3* хотел на база 3 ноќевања со појадок во хотел во Ларнака
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
– Целодневна посета на Аја Напа со водич и трансфер – 70 евра
– Целодневна посета на Никозија ,со водич и трансфер – 70 евра
– Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
– Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа во агенција)
НАПОМЕНИ:
– Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
– За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни.
– Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
– За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
– Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
– При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
– Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот.
– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.