Хрватска (Истра) за Велигден

09.04.2026-13.04.2026

229€

Истра е еден од најпрепознатливите региони во Хрватска, познат по својата богата историја, разновидна култура и природни убавини. Сместена на северозападниот дел од Јадранското Море, Истра претставува спој на различни цивилизации, што се одразува во нејзините градови, традиции и начин на живот.

ПРВ ДЕН 09.04.2026 (ЧЕТВРТОК) СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ

Состанок на група кај хотел Русија-Скопје околу 19:00ч. Имаме организиран превоз од Кочани, Штип,Велес, Скопје и Куманово. Ноќно возење со попатни паузи, граници и царински формалности.

ВТОР ДЕН 10.04.2026 (ПЕТОК) ЗАГРЕБ – ЊИВИЦЕ

Денот ни започнува во главниот град на Хрватска, Загреб. Загреб првично постоел како два различни града, Каптол кој бил населен главно со свештенство, а во кој се наоѓа Загребската катедрала и Градец населен главно со земјоделци и трговци кои во 1851 година биле обединети. Градот е доста привлечна туристичка дестинација и бројот од година на година се повеќе се зголемува. Разлгед на градот со локален водич. Слободно време за кафе или индивидуален прошетка. Сместување во хотел со 3* во Њивице на осторвот Крк. Слободно време. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 11.04.2026 (САБОТА) РОВИЊ – ПУЛА – ЊИВИЦЕ

Појадок во хотел. Денот ни започнува со посета на, Ровињ кој е неверојатен крајбрежен, романтичен и историски град во Хрватска, град лоциран на мал полуостров. Градот е омилен на туристите бидејќи станува збор за живописен стар град кои калдрмните улички биле изградени во средновековен стил, шарените куќи и градските плоштади создават амбиент што го одзема здивот. Една од најпрепознатливите знаменитости е црквата односно базиликата Св.Ефимија која била градена над остатоците од ранохристијанските градви во период од 1725-1736 год. Плоштадот Маршал Тито е главниот плоштад во Ровињ на која се наоѓа градската саат-кула, градската фонтана и најстарите кафулиња во градот. Во Ровињ е предвиден разглед на градот со локален водич за подобро запознавање на градот. По разгледот слободно време и заминување на излет до Пула, најголемиот град во Истра. Главниот и најпрепознатливиот симбол на градот е римсиот амфитеатар познат како ,,АRENA PULA’’ кој е најдобро сочуванит пример на римскиот амфитеатар, арена каде се одржувале гладијаторски битки, борби со животни итн. Се поминува покрај градските ѕидини, триумфалната капија и форумот кое е централното место за состаноци и главен плоштад во градот. По разглед на градот, групата има слободно време за индивидуални активности и прошетка низ Пула. Заминување кон хотелвечера и ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН 12.04.2026 (НЕДЕЛАТРСТ – ПИРАН – ЊИВИЦЕ

Појадок во хотел. Денот ни започнува во Италија (Трст). Можеби нема да има толку многу за шетање како Рим, да биде испреплетено како Венеција или да ја има хранливата сцена на Болоња, но ако сакате да доживеете дел од Италија без гужва, Трст е одличен избор. Главниот (плоштад Piazza Unità dItalia) е опкружен со прекрасни згради во виенски стил и од овој плоштад има поглед кон морето па да испиете еден аперол би бил одличен избор. Трст е уникатен град и по својата географска локација на границата меѓу различните народи во затворен простор затворен помеѓу карстното плато и Јадранското Море, и по историските настани кои го интересирале и влијаеле низ годините од културен и архитектонски аспект. По неодамнешните работи на реновирање и реставрација, историскиот центар на Трст повторно ја доби елеганцијата и сјајот на своето минато, од наодите на римските урнатини до прекрасните палати кои датираат од австроунгарскиот период. Да се биде во Италија се разбира дека има многу историја а неопходен е да се види Римскиот театар во (Teatro Romano) кој е недалеку од главниот плоштад. Во Трст е предвиден разглед на градот. По разгледот слободно време за индивидуални активности и заминување кон Пиран. Пиран е најубавиот град на словенечкото крајбрежјеСтариот пристанишен град со остатоци од средновековен ѕид е заштитен како културно-историски споменик. Тесните улички со тесно изградени куќи кои се спуштаат од ридот и неговата црква до централниот плоштад на брегот само го нагласуваат неговиот медитерански карактер. Овој светски крајбрежен град, кој се разви под влијание на Венеција и се смета за еден од најавтентичните и најфотогеничните градови на јадранскиот брег. Пиран не смеете да го одложите на оваа екскурзија. Разглед на градот. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел, вечера и ноќевање.

ПОСЛЕДЕН ДЕН 13.04.2026 (ПОНЕДЕЛНИКЊИВИЦЕ – ОПАТИЈА – РИЕКА – СКОПЈЕ

Појадок во хотел, се одјавуваме и одиме према Опатија. Опатија e шармантен крајбрежен град со богата историја и култура, има многу фантастични локации, импресивни споменици и добро уредени паркови. Она што мора да се види во Опатија е дефинитивно историскиот центар на градот, улицата Слатина е секогаш многу жива бидејќи мотото е: види и биди виден. Шетајќи по живото шеталиште ќе откриете некои од највеличествените градби од царскиот период и, згора на тоа, ќе уживате во извонреден избор на ресторани, кафулиња и сувенирници. Една од најинтересните атракции во Опатија е Walk of Fame или патеката на славните која се наоѓа токму во центарот на градот и е дел од прекрасното шеталиште. Создадена дури во 2015 година, оваа улица на славните личи на познатата Булевар на славните во Л.А. Во моментов на оваа маѓепсана улица има 32 мермерни ѕвезди, кои во секој случај не треба да се пропуштат при посетата на Опатија. Следен град за посета е Риека, (Rijeka) кој е трет по големина во Хрватска по Загреб и Сплит по број на население. Во ова туристичко место се наоѓа најважното хрватско пристаниште поради својата стратешка географска положба. Во 2020 година Риека беше избрана за европска престолнина на културата заедно со Голвеј во Ирска. Интересен факт е дека секоја година Риека е домаќин на еден од најголемите карневалски фестивали кој речиси е исто толку популарен како карневалот во Венеција. Корзо или стариот град е срцето на градот, главното градско шеталиште по кое е препознатлив овој град и опкружен со градби од кои датираат од 16 век. Патниците ќе имаат можност да ја видат старата градска кула, палатата на гувернерот, старата градска кула и други знаменитости кои ќе бидат препорачани од водичот. По разгледот следува слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Македонија. Пристигнување во утринските часови во Македонија.

 

ПРОМО ЦЕНА: 229  / 14.200 мкд

РЕДОВНА ЦЕНА259 € / 16.060 мкд

 

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз *Превоз од: Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово
  • 3 ноќевања во хотел со 3* со појадок и вечера во Њивице
  • Посета на Загреб, Опатија, Ријека и разглед на градот со локален водич
  • Туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Посета на Ровињ,Пула разглед на градовите со локален водич- 60 евра од лице
  • Посета на Трст (Италија),Пиран (Словенија), разглед на градовите со локален водич- 60 евра
  • International пакет (посета на Пула, Ровињ, Трст, Пиран) 90 евра од лице- (30 евра заштеда)- сите факултативи
  • Туристичка такса од лице 10 евра за 3 ноќевања (задолжително се плаќа во автобус)
  • Влезници за музеи, локалитети и патничко осигурување
НАПОМЕНА:
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Цените се дадени во евра, уплатата исклучиво се врши во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • Важност на патните документи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите или да направи промена во редоследот на факултативните излети.
  • Организатор на патувањето е друга агенција, партнер на Та Хавана Травел.
Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација