Прага

24.04.2026 – 27.04.2026

299€

Прага е срцето на централна Европа – град исполнет со историја, романтика и безвременска елеганција. Во април се облекува во својата пролетна убавина, со расцутени паркови и пријатна атмосфера, совршена за пролетно патување, city break или викенд посветен на себе. Свежиот воздух и помалите гужви создаваат идеален амбиент за опуштени прошетки и истражување.

Од калдрмисаните улички на Стариот град и Карловиот мост, до импозантниот Прашки замок и шармантниот кварт Мала Страна – Прага нуди магија на секој чекор. Астрономскиот часовник, Вацлавскиот плоштад и панорамските погледи над Влтава блескаат под пролетното сонце, создавајќи сцени како од бајка.

Април е идеален период за уживање во чешката гастрономија – традиционални специјалитети, локално пиво, пријатни кафулиња и слатки паузи со поглед на градот. Прага во овој период нуди мир, шарм и незаборавни моменти што ја прават совршена дестинација за пролетно европско бегство.

Термин: 24.04-27.04.2026

Цена по лице: 299 еур за возрасни / 80 еур за дете до 2 год

 

24.04.2026   Состанок со групата на аеродромот во Скопје во 10:30 ч.  Полетување од Скопје за Прага во 12:45 ч. Пристигнување на аеродромот во Прага во 15:00 ч. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот. Пристигнување и сместување во хотел во попладневните часови. Кратка вечерна прошетка низ Стариот град, Посета на традиционална чешка пивница со жива чешка музика. Ноќевање
25.04.2026  Појадок во хотел. Опционална факултативна тура на Прага со водич. Прошетка по Вацлавске намести (Вацлавски плоштад) Посета на Националниот музеј,Староместске намести (Староградски плоштад) Разгледување на Астрономскиот часовник – Орлој. Посета на Еврејската четврт вклучувајќи ја и Старо-новата синагога (Staronová synagoga)
Прошетка покрај реката Влтава Карловиот мост, Кулата на Стариот град и споменикот на Карло IV, разгледување на Националниот театар (Národní divadlo). Враќање во хотел. По враќање – слободен избор на активности: Staropramen Experience, Madame Tussauds (Мадам Тисо),Крстарење по реката Влтава, Реката Влтава е срцето на Прага – тивка, романтична и величествена. Крстарењето нуди спектакуларни панорами кон Карловиот мост, Прашкиот замок и староградските фасади. Совршено искуство за релаксација, фотографии и доживување на градот од поинаква перспектива. Ноќевање
26.04.2026  Појадок во хотел  Факултативен целодневен излет: Карлови Вари – Карлови Вари (Карлсбад) – прочуен бањски град во Западна Бохемија Познат по своите термални извори уште од 19 век. Прошетка низ бањската зона и колонадите,  Посета на Колонада на топлите извори и гејзерот Вржидло,кој исфрла вода до 12 метри висина. Враќање во Прага и ноќевање
27.04.2026 Појадок во хотел.  Одјава од хотел. Слободно време во центарот на градот.Посета на Palladium Shopping Center (кафе пауза и купување сувенири) Организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:35 ч. Пристигнување во Скопје во 17:35 ч.

 

Во цената е вклучено:

Повратен авионски лет од Скопје со рачен багаж
Аеродромска такса
3 ноќевања со појадок во ILF 3*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром
Локална поддршка во текот на патувањето

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса по лице / ден
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети

Пешачка тура во Прага со водич – 20€ по лице

Турaта опфаќа посета на Вацлавски плоштад и Национален музеј Прага, како и разгледување на Староградски плоштад со познатиот Астрономски часовник Орлој. Продолжуваме кон Еврејската четврт со посета на Старо-нова синагога, а потоа следи прошетка покрај реката Влтава, вклучувајќи го и Карлов мост и околните знаменитости. Турата завршува со разгледување на Национален театар Прага.

Крстарење по реката Влтава – 30€ по лице со вклучена вечера

Реката која претставува срцето на Прага, нудејќи мирно и романтично доживување. За време на пловидбата ќе уживате во прекрасни панорами кон Карлов мостПрашки замок и автентичните староградски фасади. Ова е совршена можност за релаксација, фотографирање и доживување на градот од поинаква перспектива.

Факултативен целодневен излет до Карлови Вари (Карлсбад) – 85€ по лице

Еден од најпознатите бањски градови во Европа, сместен во живописната Западна Бохемија. Градот е прочуен по своите лековити термални извори, кои привлекуваат посетители уште од 19 век.

По пристигнувањето следува прошетка низ бањската зона, позната по својата елегантна архитектура, шармантни улици и препознатливите колонади. Ќе имате можност да ги видите и пробате минералните води од различни извори, кои се користат со векови за здравје и релаксација. Посебен акцент има посетата на Колонада на топлите извори, каде се наоѓа познатиот гејзер Вржидло, кој исфрла вода до 12 метри височина.

Карлови Вари нуди уникатна комбинација од природа, историја и спокојна атмосфера – идеално место за релаксација, прошетка и уживање во еден од најубавите градови во Чешка.

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници.
  • Типот на соба го одредува хотелот на лице место, во зависност од моменталната расположливост. Не е можно да се резервира одреден кат или страна.
  • Пасошот мора да има важност најмалку 90 дена по напуштање на Шенген зоната.
  • Секој патник е должен да поседува важечко патничко осигурување.
  • При резервација се уплатува аванс од 30% од вкупната сума.
  • Плаќањата во денарска противвредност се пресметуваат по курс 1 ЕУР = 62 МКД.
  • Агенцијата го задржува правото на измена на програмата, во согласност со околностите.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото да ги понуди и продаде слободните места по специјални “ultrafirst” или “last minute” понуди, по цени кои може да се разликуваат од веќе објавените.
  • Патниците кои го уплатиле аранжманот според редовниот ценовник немаат право на поврат или надомест на средства по основ на разликата во цената.

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација