Париз Божиќен маркет

06.12-09.12.2025

549€

ПАРИЗ – Зимска бајка и празнична магија
06.12-09.12.2025
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

 

 

Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

Париз во декември блеска со посебен сјај. Градот на светлината, обвиен во празнична магија, ја спојува вечната елеганција со шармот на божиќните маркети и светлечките украси што ги красат булеварите и плоштадите. Шетајќи по мостовите на Сена или низ малите уметнички улички на Монмартр, секој агол открива нова приказна.

Овој период од годината, Париз е претворен во вистинска зимска бајка. Секој булевар, плоштад и мост е украсен со светилки, а божиќните маркети ја дополнуваат атмосферата со празнична магија, мирис на топло вино и француски специјалитети. Вашиот престој ќе биде вистинска авантура помеѓу уметноста, историјата и празничниот сјај.

06.12.2025 (сабота) СКОПЈЕ – ПАРИЗ

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 03:30 часот. Полетување за Париз во 06:00 и пристигнување во Париз во 09:05 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз со локален водич: Големите булевари, мостовите на Сена осветлени со божиќни украси, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња со празнична атмосфера, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург…Во попладневни часови посета на Монмартр (со метро) – место каде уметноста и празничната магија се спојуваат. Божиќниот маркет таму ќе ве воодушеви со украсени куќарки, светилки и топла атмосфера. Пигал, Мулен Руж (влез со доплата). Ноќевање.

 07.12.2025 (недела) ПАРИЗ – Лувр –Елисејски Полиња – Ајфелова Кула– Сена

Појадок. Организирана пешачка тура: Од Пирамидата пред Лувр (влез со доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери украсен со празнични светилки, Конкорд Плоштадот, Елисејските Полиња – во тоа време претворени во вистинска сцена на новогодишна магија, со украсени дрвореди, шарени излози и празнични божиќни маркети. Слободно време за шопинг и ручек во срцето на Париз. Посета на Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро и Ајфеловата кула, која во декември блеска во посебен сјај. Можност за романтично крстарење по Сена под светлината на новогодишните украси. Враќање во хотел. Ноќевање.

 08.12.2025 (понеделник) ПАРИЗ – Дизниленд- Монмартр и Пигал- Латински Кварт

Појадок. Можност за факултативна посета (превоз со брз воз) до најмагичниот забавен парк во Европа – ДИЗНИЛЕНД. Во декември, паркот е претворен во вистинска новогодишна бајка: дефилето со Дизни ликови во празнични костими, светлечките украси, украсените елки и спектакуларните огномети создаваат уникатна атмосфера што ја воодушевува и младите и возрасните.

За останатите препорака пешачка тура: посета на Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, Пантеон и Богородичната црква Нотр Дам, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет која во овој период е позната по своите светлечки фасади и величествени новогодишни излози, како и музејот за парфеми Фрагонар.

Во вечерните часови го посетуваме најшарениот Божиќен маркет во Париз, сместен во Тујлери градините – со празнични светилки, мирис на греано вино и традиционални француски специјалитети. Враќање во хотел. Ноќевање.

 09.12.2025 (вторник) ПАРИЗ-  СКОПЈЕ

Појадок (за носење). Одјавување од хотел. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 09:40 часот, пристигнување во 12.25 часот

 

Цена на аранжманот: 599 евра / 37.138 мкд

Промо цена за резервации до 30.10.2025 : 549 евра/ 34.038 мкд

Можност за плаќање на 4 рати без камата

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  •  Авио билет на релација Скопје – Париз – Скопје со WizzAir
  • Аеродромски такси
  • Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)
  • 3 ноќевања со појадок во хотел Campanile 3* Porte de Bagnolet – Paris
  • Превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организиран панорамски раглед на Париз со локален водич
  • Посета на Christmas Market на Монмарт и во Tujleri Park (со метро)
  • Организирани пешачки разгледувања на градот со пратител на група: Пирамидата пред Лувр (влез до доплата), малата Триумфална Капија, паркот Тујлери, Конкорд Плоштадот, Елисејски полиња, Триумфалната капија, плоштадот Трокадеро, Ајфелова кула, Операта Гарние (влез со доплата), галеријата Лафајет и музејот за парфеми Фрагонар, Мон Мартр, Пигал, Мулен Руж (влез со доплата), Богородичната црква Норт Дам
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  •  Превоз со метро и автобус во Париз (цена околу 2,1 карнет за 1 возење)
  • Доплата за голем кабински до 10кг. или чекиран багаж – куфер до 10кг / чекиран багаж – куфер до 20кг *( цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
  • Туристичка такса 7 € по лице на ден – се плаќа кај претставникот на рецепција во хотел
  • Влезница за Ајфелова Кула – влезница до 2-риот кат 30€, до врвот 68.30€ (пријавување во агенција)
  • Влезница за Лувр 25€ влезница со термин (пријавување во агенција)
  • Влезница за брод по Сена 25€ (пријавување во агенција)
  • Посета на Операта Гарние 40€ влезница со термин (пријавување во агенција)
  • Посета на Мулен Руж со претстава -цена од 100-150€ со пијалок ½ шампањ (пријавување во агенција)
  • Посета на Дизниленд – влезниците се купуваат преку интернет (80-120 € возрасен, дете до 12 год. 70-110 €, но, цената зависи од период кога ке се резервира и е променлива). Цена на RER 10 € по правец* можност за организирање приватен трансфер
  • Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд

Напомена:

  • Доплата за еднокреветна соба 8,680 мкд
  • Деца до 1.99 год плаќаат 90 еур
  • Деца до 11.99 год добиваат 20% попуст за сместување со 2 возрасни
  • Промена на име на патник БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање

Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.

  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност.
  • Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување.
  • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • ВАЖНО:Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 14 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
  • За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата.
  • При отказ на резрвација од страна на клиентот или промена на име, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
  • Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
  • Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
  • ВАЖНО:Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Хавана Травел  од Скопје со лиценца А (Министерство за Култура и Туризам)

 

За оваа програма важат Општите услови на Туристичка Агенција Хавана Травел

 

 

Споделете :
Scroll to Top

Контакт форма за резервација