Куќа „Цимбукас“ е лоцирана во самиот центар на Ханиоти, на исклучително убава и атрактивна локација, посебно за оние кои сакаат да уживаат во ова монденско летувалиште во ноќните часови. Има паркинг на околу 100 метри од куќата а истата е оддалечена 100-150 метри од плажа. Располага со 4 високо квалитетни студија (полу-апартмани) кои се целосно реновирани (летото 2019г) и естетски модерно уредени. Во првиот дел од студиото има софа на пуштање или два одвоени кревети а во продолжение брачен кревет. Комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет и големи тераси со поглед на шеталиштето во Ханиоти. Интернетот и климата се вклучени во цената.