Куќа“Kostas”се наоѓа на сама плажа, веднаш спроти фонтаната, на една од најдобрите локации во срцето на Неа Флогита.
Располагаме со 2 два дуплекс апартмани на прв кат, каде што нема други сместувачки единици. Секој апартман располага со комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствени тоалети, Wi-Fi и клима уред вклучени во цената, пространи тераси со фронтален поглед кон плажа и море со пристоен мебел. Паркинг обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар, пекара на 20 метри додека најблискиот голем супермаркет е оддалечен на 50 метри.
1/5 дуплекс апартман бр. 1 – прв кат. Простран дуплекс, располага со 2 спални соби, комплетно опремена кујна со трпезариска маса, голем фрижидер, голем шпорет, машина за перење, тоалет, голема тераса со фронтален поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Во првата спална соба има француски кревет за 2 лица, а во втората соба има француски кревет плус еден единечен стандарден кревет.
1/6+1 дуплекс апартман бр. 2– прв кат. Простран дуплекс, располага со 2 спални соби, комплетно опремена кујна со трпезариска маса, голем фрижидер, голем шпорет, тоалет, голема тераса со фронтален поглед на море, ТВ, Wi-Fi. Располага со две спални, во едната спална соба има француски кревет плус еден единечен стандарден кревет. Во втората спална соба има исто така француски кревет плус еден единечен стандарден кревет. Во кујната има единечен кревет за дете до 12 год.